Дома Останати Кошарка НБА Бостон не се дава: Првпат го победи Мајами во финалната серија на Истокот! 🎥

Бостон не се дава: Првпат го победи Мајами во финалната серија на Истокот! 🎥

Бостон Селтикси не се предеваат во финалето на Истокот и славеа победа од 116:99 изминатата вечер со која намалија на 1:3 во серијата.

Мајами имаше шест поени предност по првото полувреме, но третата четвртина Селтикси ја добија со 38:23, додека Мајами во последната не успеа да се врати и постигна само 20 поени. На крајот мораа да се помират со убедливот пораз.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Лидер во победничкиот состав беше Џејсон Тејтум со 33 поени, 11 скока и седум асистенции, кај Мајами Џими Батлер уфрли 29 поени, додавајќи девет скока и пет асистенции.

Со оглед на предноста од 1:3 во Мајами не се премногу загрижени, а освен тоа сигурно ќе имаат уште еден натпревар дома, па веруваат дека ќе успеат да слават на уште еден натпревар кој им е потребен за финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…