Дрбито на вечерта во ЛШ и припада на Борусија Дортмунд која славеше со 3:1 на „Сан Сиро“, додека ПСЖ се спаси од пораз во последна минута.
Милан подобро го отвори мечот и во 5-та минута доби пенал, но Жиру не успеа да постигне гол од белата точка. Веќе во10-та минута Ројс погоди од белата точка за водство на гостите.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Во 37-та минута Чукуедзе погоди за 1:1, а во второто полувреме иако Милан ја контролираше играта, сепак Дортмунд со два гола успеа да дојде до победа од 1:3 и да обезбеди пласман во следната фаза.
Њукасл имаше водство во Париз со голот на Исак се до 97-та минута, кога ПСЖ од пенал успеа да израмни и со тоа да биде во пол-позиција пред последното коло.