Дома Трансфер зона Борусија Дортмунд нема ни да ги разгледува понудите за својот „дијамант“

Борусија Дортмунд нема ни да ги разгледува понудите за својот „дијамант“

Раководството на Борисија Дортмунд нема намера да се раздели со младата ѕвезда Џејдон Санчо и нема ни да ги разгледува понудите кои ќе пристигнат за него, пренесува „Скај Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Санчо минатиот месец потпиша договор со „милионерите“, а во договорот на играчот нема откупна клаузула. 18-годишниот крилен напаѓач пристигна во Борусија од Манчестер Сити за само 8 милиони фунти.

Санчо со своите фантастични партии во жолтиот дрес се етаблираше во еден од најперспективните млади фудбалери и го привлече вниманието на голем број европски гиганти.

Премиерлигашите и ПСЖ се спремни да платат богатство за младиот Англичанец, но „милионерите“ се спремни да ги освијат сите понуди.

Санчо минатиот месец дебитираше за англиската репрезентација, а оваа сезона на 12 меча постигна 5 гола и запиша 7 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…