Дома Фудбал Борусија Дортмунд го потврди новиот тренер

Борусија Дортмунд го потврди новиот тренер

Еден ден откако Един Терзиќ ја напушти тренерската функција, Борусија Дортмунд го промовираше новиот тренер.

Станува збор за Нури Сахин, поранешниот играч на оваа екипа и човекот кој минатата година му се приклучи на стручниот штаб на Терзиќ.

„Голема чест е да станам тренер на Борусија. Сакам да им се заблагодарам на челниците на клубот кои ми ја дадоа довербата. Со нетрпение ја очекувам работата. Од првиот ден ќе направиме се што можеме со многу енергија и страст да го постигнеме максимумот“, изјави Нури Сахин.

Сахин ги одигра своите најдобри игри за Борусија Дортмунд, каде астапи на 274 натпревари и постигна 26 голови

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Карагер без милост: Керик можеби посакува Јунајтед да му ги скрати маките

Манчестер јунајтед оди кај Челси со осум натпревари без победа, а Џејми Карагер смета дека…