Ракометната репрезентација на Македонија синоќа ја победи Црна Гора (29:28) и се пласираше во следната фаза на Европското првенство во Хрватска.
„Знаевме дека нè очекува потежок натпревар од натпреварот со Словенија. Чувствувавме дополнителен притисок бидејќи победата во овој натпревар овозможуваше да пренесеме два бода во втората фаза што би било првпат за Македонија“, изјави Борко Ристовски.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
За него воопшто не е важно кој ќе има одбраната или голот на натпреварот, важно е да се игра како тим и да се стигне до победата.
„Не е важно кој ја има најважната одбрана, важно е да се победи во секоја пригода. Мило ми е што навивачите ни ја даваат оваа поддршка и заедно со нив се изборивме за оваа многу важна победа. Полека со Раул на чело стануваме доста интересна репрезентација која игра како тим, и верувајте ова е само почеток од Македонија“, рече Ристовски.
Следниот натпревар Македонија го игра утре од 18.15 часот против Германија, каде ќе се обиде да стигне до третата победа во групата Ц.