Дома Фудбал Останато Борба за двата сефа на Марадона од Дубаи: Никој жив не знае што има во нив

Борба за двата сефа на Марадона од Дубаи: Никој жив не знае што има во нив

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона своевремено живееше седум години во Дубаи, а таму оставил два сефа до кој никој нема пристап.

Поминаа повеќе од два месеци откако не напушти големиот „Ел Пибе“, а истрагата како точно почина еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и понатаму трае. Додека се чека на истрагата, неговото семејство се бори за наследството.

Имено, откриено е дека Диего имал два заклучени сефа во Дубаи, тие сефови сега се транспортирани во Буенос Аирес.

„Никој жив не знае што има во нив“, пренесува шпанскиот весник „АС“.

Извор близок на Марадона даде коментар на оваа тема.

„Тоа се работи кои тој ги чуваше и само Диего знае што чуваше. Тоа може да биде накит, часовници, долари или ништо. Ги остави таму сефовите и ги немаше отворено две години“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп: Ова не е крајот!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше разочаран после поразот од Челзи на домашен терен,…