Дома Фудбал Италија Бонучи се врати во клубот, па веднаш замина во изолација

Бонучи се врати во клубот, па веднаш замина во изолација

Репрезентативната пауза не донесе добри вести за Леонардо Бонучи и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Фудбалскиот сојуз на Италија вчера соопшти дека четири члена на стручниот штаб и еден фудбалер се позитивни на коронавирусот.

Јувентус денеска се огласи и потврди дека е заразен Леонардо Бонучи и дека ќе биде надвор од теренот најмалку десет дена.

„Бонучи се врати во клубот после настапот за репрезентацијата и утрово тестот покажа дека е позитивен на коронавирусот. Тој веќе се наоѓа во домашна изолација.“ – соопштија од Јувентус.

Андреа Пирло е во проблем што се однесува на стоперската позиција за дербито против Торино, бидејќи поради коронавирус отпадна и Демирал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инфантино смисли нова шема: ФИФА продава дел од светското првенство

ФИФА планира да создаде ново трговско друштво, кое ќе ги држи правата за светските првенст…