Одличниот дефанзивец на Јувентус, Леонардо Бонучи, најверојатно вечерва ќе стане член на Милан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што наведуваат италијанските медиуми, италијанскиот дефанзивец го договорил трансферот на „Сан Сиро“, а преостанува само клубовите ја договорат оштетата.
„Бјанконерите“ за услугите на 30 годишниот фудбалер бараат 40 милиони евра, додека Милан нуди 10 помалку, но вечерва се очекува договорот да биде постигнат. Покрај парите Милан е спремен во трансферот да го вклучи и Матија Де Шиљо.
Јувентус парите од овој трансфер ќе ги искористи за нови засилувања, а како една го главните мети се истакнува Тони Крос. Наводно италијаскиот шампион е спремен за Крос да испрати понуда од околу 70 милиони евра.
Бонучи кариерата ја започна во Интер, па така најверојатно ќе има стане еден од ретките кој ја имал таа чест да биде дел од Интер, Јувентус и Милан.