Дома Топ вести „Бомба“: Томас Милер се сели во Серија А

„Бомба“: Томас Милер се сели во Серија А

0

„Билд“ пишува дека ѕвездата на Баерн, Томас Милер е спремен да го напушти Минхен поради нарушениот однос со тренерот Нико Ковач.

Човекот кој цела кариера ја помина во Баерн и освои се што можеше да се освои не крие дека е разочаран од третманот кај тренерот Ковач и е спремен уште во јануари да ја промени средината.

„Билд“ пренесува дека Интер е сериозно заинтересиран да го донесе во своите редови токму како замена за Иван Перишиќ.

Освен Интер, за Милер се интересираат и Арсенал и Манчестер Јунајтед кои исто така ќе се засилуваат во јануари, но „нероаѕурите“ се најконкретни во моментов.

„Апсолутно не сум задоволен од ситуацијата. Јас имам 30 години и премногу сум амбициозен за да седам на клупа“, призна Милер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан во проблеми, Јувентус им го “мерка“ капитенот

Веќе неколку време се шпекулира дека челниците на „Бјанконерите“ се заинтересирани за дефа…