Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Рамос се сели кај Гвардиола

„Бомба“ од Островот: Рамос се сели кај Гвардиола

Серхио Рамос е во последната година од неговиот договор со Реал Мадрид, а засега не е познато дали ќе ја продолжи соработката со „кралскиот“ клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Преговорите започнаа, но не одат во вистинска насока, бидејќи претседателот Флорентино Перез сака да му понуди само едногодишен договор.

Шпанските медиуми пишуваат дека Рамос има алтернативни решенија доколку не се договори со Перез за нов договор. Неколку европски гиганти веќе покажаа интерес за дефанзивецот, а најголема е веројатноста да се пресели во Премиер лигата.

Манчестер Сити ја следи ситуацијата и е спремен да му понуди богат договор на Серхио Рамос. Гвардиола многу ги цени квалитетите и сака да го донесе на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…