Англиските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Тибо Куртоа може да замине од Челзи во 2019 како слободен играч.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Сините“ од Лондон веќе подолго време се во преговори со Куртоа за продолжување на соработката, но се уште не го убедиле младиот Белгианец да потпише нов договор.
Според „Сан“ лесно може да се случи Куртоа да замине од „Стенфорд Бриџ“ доколку не постигне договор до јуни, бидејќи ќе влзе во последната година од договорот.
За Куртоа силен интерес покажува Реал Мадрид, а весниот тврди дека не е исклучена можноста Белгиецот да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ како слободен играч во 2019 година.