Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан започна преговори со еден од најдобрите фудбалери на денешницата за трансфер во „кралскиот“ клуб, пренесува „Сан“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Францускиот стратег веќе неколку месеци наназд има намера да го ангажира Еден Азар, но челниците на Челзи се противат и прават се за да го задржат Белгиецот на „Стенфорд Бриџ“.
Раководството на Реал смета дека Азар би бил идеален наследник на Кристиано Роналдо и долгорочно решение за таа позиција, но проблем е што Белгиецот има долг договор со Челзи. Притоа „сините“ имаат намера да му понудат нов финансиски подобар договор.
„Сан“ пренесува дека Зидан наводно стапил во контакт со Белгиецот и добил зелено светло. Имено, Азар нема ништо против следното лето да се пресели во Мадрид и да работи под палката на својот идол.
Азар и оваа сезона блеска во дресот на Челзи каде до сега одигра 20 натпревари на кои постигна 8 гола и запиша 7 асистенции.