Дома Трансфер зона Бомба од Островот: Ансу Фати се сели во Премиер лигата

Бомба од Островот: Ансу Фати се сели во Премиер лигата

Ансу Фати се најавуваше како наследник на Лео Меси, но честите повреди го забавија неговиот развој.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот напаѓач се надаваше дека оваа сезона ќе добие шанса да блесне, но Чави има други планови и на почетокот од новата сезона доверба му укажа на 16 годишниот Ламине Јамал.

Па откако му стана јасно дека ќе има ограничена минутажа, Ансу Фати оваа недела реши да го напушти Камп Ноу.

Неколку клубови од Премиерлигата како Челси, Арсенал и Тотенхем пројавија интерес, но нааѓачот на крајот изненади со изборот.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Ансу Фати е многу блиску до преселба на позајмица во Брајтон, се решил на еден ваков чекор по разговорот со тренерот Роберто Де Зерби, кој му ветил дека ќе игра клучна улога во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Фотографија од авион ги воодушеви навивачите на Реал: Стигнува во Мадрид за потпис на договор

Навивачите на Реал Мадрид можат да започнат со славење бидејќи трансферот на Јан Диоманд е…