Дома Топ вести „Бомба“ од Каталонија: Меси ги прекина преговорите, ја напушта Барса

„Бомба“ од Каталонија: Меси ги прекина преговорите, ја напушта Барса

Кадена СЕРсиноќа откри дека Лионел Меси ги прекина преговорите за продолжување на неговиот договор со Барселона и дека ќе го напушти клубот следното лето.

Меси се очекуваше да стави потпис на нов договор со Барселона до крајот на месец јули, но ова најверојатно нема да се случи.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Последната караница со Сетиен и недовербата во работата на раководството на клубот се двете основни прични поради кои Меси одбил да го продолжи договорот кој му истекува следното лето.

Дополнително разочарување за Меси доаѓа од Франција откако Нејмар му потврдил дека ова лето најверојатно нема да се врати во Барселона и ќе остане во ПСЖ.

Медиумите тврдат дека Меси следното лето ќе го напушти „Камп Ноу“ како слободен агент. Аргентинецот целата кариера ја помина во Барселона и прерасна во најголема легенда на каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…