Дома Фудбал Англија „Бомба“ од Германија: Клоп се враќа – веќе потпишал договор!?

„Бомба“ од Германија: Клоп се враќа – веќе потпишал договор!?

Јирген Клоп се враќа на тренерската работа, но на еден поинаков начин.

Како што објави германскиот новинар Флоријан Плетенберг тој потпишал договор со Ред Бул кој ќе биде на сила од 1 јануари 2025 година и во прашање е повеќегодишен проектј.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Но, посебно е интересно што ќе биде работата на Клоп.

Како што е објавено, Клоп станува „Global head od soccer“ што значи „шеф на фудбалските операции“ и советник на сите тренери кои се под капата на Ред Бул, а тоа се – Лајпциг, Салзбург и Лидс како најпознати во Европа и уште Њујорк во МЛС лигата и бразилскиот Брагантино.

„Скај Спорт“ наведува дека главната задача на Клоп ќе биде да ги советува сите главни тренери, но во сите аспекти на фудбалот, не само играта.

Исто така Клоп ќе биде во комуникација и со скаут службите бидејќи Ред Бул сака да продолжи да ги следи иднините светски ѕвезди, а добро е познато колку фудбалери се појавија на европската сцена од Лајпциг и Салзбург.

Главниот оперативец кој го убедил Клоп да ја прифати оваа позиција е Оливер Мајнклаф кој беше во Лајпциг од 2014 до 2022 година за потоа да преземе фунцкија во која ќе биде одговорен за сите проекти на Ред Бул вклучувајќи ја и Формула 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА ги одреди судиите за натпреварот Македонија – Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го игра натпреварот против Летонија во ра…