Дома Топ вести Бомба: Барселона се договори со Рабио!

Бомба: Барселона се договори со Рабио!

0

Каталонскиот весник „АС“ ексклузивно пренесува дека Барселона постигнала договор со плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио.

21-годишниот играч за врска има уште една година од договорот со ПСЖ, но јавно призна дека не е задоволен од својот статус во клубот и сака да ја промени средината.

За Рабио интерес покажуваат многу европски гиганти, но последните информации говорат дека ја избрал Барселона.

Раководството на Барселона веќе постиганло комплетен договор со неговиот менаџер. Двете страни договориле 5-годишна соработка тешка 7 милиони евра по сезона.

Каталонците во него гледаат идеална замена за Андрес Иниеста и Паулињо, па сега останува уште да се договорат со ПСЖ.

Со оглед на фактот што Рабио има само уште една година договор, ПСЖ нема да му стои на патот, па треба само да ја договорат отштетата со Барселона.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакуларни фотографии од вечното дерби во финалето на српскиот куп (ФОТО)

Вчера се одигра финалето во српскиот куп помеѓу Црвена Звезда и Партизан, а на крајот тоа …