Дома Трансфер зона „Бомба“: Агентот на Дибала преговара со Милан

„Бомба“: Агентот на Дибала преговара со Милан

Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.

Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката.

Поради тоа Јувентус донесе одлука да го продаде на лето, бидејќи влегува во последната година од договорот.

Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Дибала може да заврши во редовите на големиот ривал Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Денес агентот на Аргентинецот, Жорге Антун пристигна во „Каса Милан“ на средба со Паоло Малдини.

Дибала во Јувентус заработува 7 милиони евра по сезона, а Милан е спремен да му понуди договор каков што му понуди на Донарума, односно 8 милиони по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Интер нема место за Видал: „Нероаѕурите“ сакаат да се ослободат од неговата плата

Чилеанецот Артуро Видал не е во плановите на Симоне Инзаги за наредната сезона во која Инт…