Дома Фудбал Болница во Реал, Анчелоти не може да смета на девет фудбалери

Болница во Реал, Анчелоти не може да смета на девет фудбалери

Реал Мадрид се соочува со нови проблеми пред продолжение на сезоната затоа што листата со повредени играчи се зголеми на девет фудбалери.

Во период од само неколку дена, Анчелоти доби лоши вести за Чуамени, Менди и Милитао, но новите три повреди значат дека една третина од тимот на Реал е во аут.

Анчелоти во следниот период не може да смета на Едер Милитао, Јакомо Ремон, Џуд Белингем, Едуардо Камвинга, Орлиен Чуамени, Ферланд Менди, Дани Себаљос, Давид Алаба и Жоан Мартинез.

„Кралевите“ по четири одиграни кола се наоѓаат на делба на втората позиција и имаат осум бодови, односно четири помалку од лидерот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшна трагедија во Португалија: Фудбалерот се сруши во десеттата минута и почина

Португалскиот фудбал е завиен во црно по смртта на 25-годишниот Кевин Кастро, поранешен фу…