Дома Фудбал Останато Блескаше на дебито: Тинејџерот од Црна Гора ги воодушеви навивачите на Јувентус

Блескаше на дебито: Тинејџерот од Црна Гора ги воодушеви навивачите на Јувентус

Во натпреварот за викендот Јувентус славеше победа над Лацио со голот на Марко Хила во 85. минута, а во овој натпревар во одлично светло на навивачите се претстави Црногорецот, Василије Аџиќ.

Аџиќ има 18 години и ова лето пристигна од Будуќност во Торино за сума од два милиони евра.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Минатата сезона беше најдобар во црногорското првенство, а по доаѓањето во Јувентус се очекуваше да биде дел од вториот тим. Сепак, по одличните припреми клубот од Торино се одлучи да го стави во првиот состав.

По натпреварот фудбалерот доби позитивни коментари од навивачите кои се и тоа како задоволни од неговото издание.

Од трибините настапот на Аџиќ го следеле и неговите родители кои како што пренесуваат италијанските медиуми плачеле од среќа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нејмар после една година се врати на терените 🎥

Нејмар конечно се врати на терените по паузата од повеќе од една година по тешката повреда…