Дома Топ вести Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Би биле фаворити за освојување: Тимот составен од играчи кои нема да играат на ЕП изгледа одлично!

Ерлинг Холанд и Мартин Одегард го предводат идеалниот тим составен од фудбалери од европски репрезентации кои нема да играат на Европското првенство во летото кое следи.

На почетокот на декември минатата година на ждрепката во Хамбург дознавме како ќе изгледаат групите на претстојното Европско првенство. Сепак, комплетниот список на учесници го добивме дури во вторник по комплетирањето на натпреварите од плеј-офот, а последните три места ги пополнија Грузија, Украина и Полска.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Грузијците за првпат ќе бидат учесници на континентално натпреварување откако победија против Грција по изведувањето пенали. Со истиот „рецепт“ Полска го совлада Велс, додека Украина со пресврт беше подобра од Исланд.

Така, го добивме комплетниот список на сите учесници и со тоа стана јасно кој во Германија нема да се бори за европската титула. Во продолжение погледнете како изгледа еден тим од фудбалери кои сигурно нема да играат на турнирот.

Голман – Тибо Куртоа
Десен бек – Бен Вајт
Стопер – Виктор Линделоф
Стопер – Свен Ботман
Лев бек – Дејвид Алаба
Последен играч за врска – Пол Погба
Централен играч за врска – Сандро Тонали
Централен играч за врска – Гави
Офанзивен играч за врска – Мартин Одегард
Напаѓач – Виктор Ѓеркеш
Напаѓач – Ерлинг Холанд

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ал Келаифи пресреќен: Вакво нешто не сум видел во ПСЖ во последните 13 години!

Во таборот на ПСЖ владее вистинска еуфорија поради победата на овој во вчерашниот реванш о…