Дома Фудбал Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Билд: Ова е тајниот список на Баерн со играчи кои сакаат да ги донесат

Во тековната сезона, за прв пат по 12 години, Баерн остана без ниту еден трофеј. Во Бундес лигата се на второто место зад новиот шампион Баер од Леверкузен, кој стави крај на 11-годишната доминација на минхенскиот клуб во германскиот шампионат.

Во осминафиналето на германскиот куп шокантно беше елиминиран од третолигашот Сарбрикен, додека во полуфиналето на Лигата на шампионите беше исфрлен од Реал Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на клубот од Минхен преговараат за останување на Томас Тухел, кој требаше да си замине на крајот од сезоната, но остана опција по низата тренери како Чаби Алонсо од Баер, Јулијан Нагелсман од германската репрезентација и Ралф Рангник кои го одбија Баерн.

Баерн затоа ќе се обиде што побрзо да го заборави ова и да им се врати на трофеите следната сезона. За да им успее тоа, Билд пишува дека составиле „таен список за купување“, односно серија од седум играчи кои би сакале да ги донесат.

Списокот на играчи кои Баерн ги сака во летниот преоден рок, според Билд, и нивните вредности на Трансфермаркт:

  1. Стопер Џонатан Тах (28), Баер Леверкузен, 30 милиони евра
  2. Лево крило Тео Ернандез (26), Милан, 60 милиони евра
  3. Централен играч за врска Френки де Јонг (27), Барселона, 70 милиони евра
  4. Централен играч за врска Асан Уедраого (18), Шалке, 8 милиони евра
  5. Централен играч за врска Амаду Онана (22), Евертон, 50 милиони евра
  6. Крило Крис Фирих (26), Штутгарт, 25 милиони евра
  7. Офанзивен играч за врска Чави Симонс (21), ПСЖ, 80 милиони евра
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…