Дома Фудбал Биелса: Тажен сум што замина Алиоски, пресудни беа финансиите

Биелса: Тажен сум што замина Алиоски, пресудни беа финансиите

Викендов започнува новата сезона во англиската Премиер лига, а пред почетокот на истата зборуваше Марсело Биелса, една од темите на искусниот стратег беше заминувањето на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Алиоски не се договори со Лидс за продолжување на соработката и на крајот се пресели во Саудиска Арабија.

„Тажен сум поради заминувањето на Алиоски. Секако поради фудбалскиот фактор, но посебно поради „човечкиот“. Кон него имам голема почит и занм дека сакаше да продолжи со нас и клубот сакаше да го задржи. Се водеа преговори, на крајот пресудни беа финансиите. За жал не се најде договор и тоа е тоа“, изјави Биелса.

Лидс сезоната во Премиер лигата ја отвара со натпреварот против Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…