Дома Топ вести Бејл се исмеваше со Реал, Мадрид ова нема да му го прости (видео)

Бејл се исмеваше со Реал, Мадрид ова нема да му го прости (видео)

Велс синоќа обезбеди пласман на Европското првенство, а Герет Бејл тоа го прослави на скандалозен начин и уште еднаш ги налути навивачите на Реал Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Бејл иако долго време не играше за Реал поради повреда, сепак „магично“ се опорави и одигра одличен натпревар за Велс, како и многу пати до сега.

Притоа, после мечот успехот го славеше со транспарент „Велс, голф, Мадрид, по тој редослед“, со што јасно покажа дека Реал му е на последно место.

Неодамна легендарниот играч на Реал, Мијатовиќ изјави дека Бејл не е доволно посветен на „кралевите“ и дека секогаш на прво место му е Велс, потоа играњето голф, па дури на крајот Реал.

Таа изјава стана вирална и навивачите направија транспарент, а после мечот Бејл гордо позораше со него и додатни ги налути навивачите на својот клуб.

Шпанските медиуми веќе почнаа да го критикуваат Бејл и начинот на кој го „исмева“ Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арбелоа: Јас сум виновен за тепачката меѓу Чуамени и Валверде

Алваро Арбелоа изјави дека ја презема одговорноста за инцидентот меѓу соиграчите Федерико …