Дома Фудбал Бешикташ потврди: Го сакале Киеза, но тој ги шокирал со барањата

Бешикташ потврди: Го сакале Киеза, но тој ги шокирал со барањата

Потпретседателот на Бешикташ, Хусеин Јусел потврди дека турскиот клуб се обидувал да го доведе Федерико Киеза, но се откажале поради големите барања на фудбалерот.

Бешикташ летово го доведе Чиро Имобиле, па така имале обид да се засилат и со уште еден Италијанец. Сепак, биле шокирани од условот кој го поставил играчот на Јувентус.

„Да, разговаравме за трансфер на Киеза. Но, фудбалерот побара плата од девет милиони евра. Но, за нас тоа се нелогични барања кои не можеме да ги исполниме. Поради тоа тој за нас е минато. Клупските интереси се она што е најважно“, изјави Јусел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кина ја тргна Ла Лига од екраните: Извинувањата на Мбапе и Реал засега без ефект

Кинеската државна телевизија не емитуваше натпревари од шпанското првенство, а од дигиталн…