Дома Фудбал Беше тренер на Челзи и Реал, а сега стана селектор на – Курасао!

Беше тренер на Челзи и Реал, а сега стана селектор на – Курасао!

Славниот холандски тренер Гус Хидинк од денес е нов селектор на островската држава Курасао.

Хидинк потпишал две годишен договор и истакна дека не било тешко да се договори со челниците на фудбалскиот сојуз на оваа земја.

Курасао е држава која се наоѓа на 65 километри северно од Венецуела и брои околу 160.000 жители.

Треба да се спомене дека таму се зборува холандскиот јазик затоа што е држава колонизирана од Холандија и од каде што некои фудбалери отише во Холандија.

Познати фудбалери немаат, но се на 80. место на ФИФА ранг листата.

Хидинк во кариерата водеше голем број клубови, а помеѓу останатите се Валенсија, Челзи, Реал Мадрид, Бетис и ПСВ, потоа во главно водеше репрезентации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станковски со додавање за гол го испраќа Колос на репрезентативната пауза

Лука Станковски му асистираше на Денис Ндукве во ремито 1-1 кај Буковина. Македонскиот игр…