Дома Трансфер зона Бесплатните играчи се се само не бесплатни!

Бесплатните играчи се се само не бесплатни!

0

Во текот на летото 2019 година како и секоја друга во најсилните европски лиги беа видени голем број трансфери.

Интересно е дека во текот на летото менаџерите и различните посредници во трансферите добија скоро пола милијарда евра како провизија.

Како што пресмета „Inside Word Football“ менаџерите во текот на летото заработија вкупно 478,2 милиони евра.

Тоа значи дека тие играат големи улоги во трендот на астрономскиот раст на цените на фудбалските трансфери во последните години.

Сумата која ја инкасирале различни менаџери драстично се зголеми во однос на минатогодишните летни преодни рокови, а 64.9% од нешто повеќе од 478.2 милиони евра исплатиле клубовите кои ги купувале играчите.

Исто така статистиката покажува дека за 47% од споменатата сума „виновни“ се 50-те најголеми трансфери.

Иако доведувањето на играчи без договор се смета за одлично исплатлива зделка бидејќи не е потребно да се плати оштета на другиот клуб, таквите (големи) фудбалери и не се баш бесплатни.

Значаен дел од скоро пола милајарда евра е исплатен во вид на провизија за претставниците во трансферите на слободните играчи.

Во тие случаи клубовите се натпреваруваат за потпис, а како средство да ги убедат играчите и нивните претставници ја користат големата провизија, бонуси…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио само што пристигна во Јувентус, а веќе размислува за заминување

Францускиот фудбалер, Адриен Рабио ова лето потпиша за Јувентус каде што пристигна како сл…