Дома Македонски спорт Мак фудбал Бесарт Ибраими ја напушти Шкендија

Бесарт Ибраими ја напушти Шкендија

Актуелниот македонски шампион Шкендија соопшти дека ќе се раздели со својит најдобар фудбалер, Бесарт Ибраими.

Најдобриот голгетер во историјата на Шкендија заминува откако двете страни спогодбено го раскинаа договорот.

„Горд сум што му служев на овој дрес и што бев дел од големите успеси на Шкендија. Можевме да направиме и повеќе, но јас го дадов најдоброто од себе во секој момент. Им посакувам на другите да го следат мојот пример и да остварат исти успеси“, истакна Ибраими.

Ибраими и се приклучи на Шкендија во 2015-та година и оттогаш постигна 147 гола за клубот од Тетово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Aдеми седми најдобар фудбалер во последните 50 години во Хрватска!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми заврши како седми најдобар фудбалер во последнит…