Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов смета дека клубот од „Олд Традорд“ не се однесува фер кон Едисон Кавани.
Кавани во Манчестер Јунајтед дојде во октомври 2020 година како слободен играч, а договорот му истекува на крајот од сезоната. Иако минатата сезона прикажува добри настапи сезонава не добива многу прилика за игра.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Иако имаше добро минатата сезона оваа не добива многу прилика. Кога некој како Роналдо ќе дојде во клубот целото внимание е насочено кон него, тој ги игра сите натпревари. Тоа не е фер затоа што Кавани беше навистина добар за тимот минатата сезона, заслужи нов договор, а потоа Роналдо го зема неговото место. Не е фер, но такви работи се случуваат во фудбалот“, изјави Берабтов.
Медиумите најавуваат дека Кавани во јануари може да ја засили Барселона во јануари.
„Ако постои шанса, ако има понуда од Барселона секако дека ќе размисли на таа опција затоа што сака да игра. Би го поддржал и би му кажал да оди и да игра“, истакна поранешниот напаѓач.