Дома Фудбал Англија Бербатов: Ако Јунајтед не победи на следните два натпревари Солскјер ќе има проблем

Бербатов: Ако Јунајтед не победи на следните два натпревари Солскјер ќе има проблем

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов смета дека Антонио Конте добро би се снашло на клупата на „црвените ѓаволи“.

Оле Гунар Солскјер е на работ на отказ после дебаклот од Ливерпул, засега „преживува“. Сепак, јасно е дека ако резултатите и играта на Јунајтед набрзо не се поправат тој ќе добие отказ. Димитар Бербатов смета дека Норвежанецот не е вистинскиот човек.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Судејќи по натпреварот со Ливерпул Солскјер не е вистинскиот човек за клубот да напредува. За некои навивачи натпреварот со Ливерпул е најважен во сезоната, желбата да се победи Ливерпул веројатно е поголема и од желбата да се победи Манчестер Сити. Сепак, мораме да ја погледнеме пошироката слика, се уште има многу натпревари. Мое мислење е дека ако Јунајтед не победи на следните два натпревари Солскјер ќе има голем проблем“.

Антонио Конте во медиумите се споменуваше како еден од можните наследници.

„Тој беше шампион со Интер и Челзи. Коинте има репутација на човек кој многу работи. Веќе имал успејх во Премиер лигата, со него можеби ќе се воведе дисциплината која веројатно е потребна во овој момент во соблекувалната“, смета Бербатов.

Во овој момент Манчестер Јунајтед е на седмата позиција на табелата со 14 бодови, осум помалку од лидерот Челзи. Во Лигата на шампионите Јунајтед собра шест бодови од три натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…