Карим Бензема ја игра најдобрата сезона во кариерата и сигурно е главен кандидат за „Златната топка“ оваа година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бензема со своите голови го однесе Реал Мадрид до финалето во Лигата на шампиони, но секако најголема тежина има „паненката“ против Манчестер Сити.
Бензема беше многу храбар при резултат 4:2 за „граѓаните“ постигна гол со „паненка“ на „Етихад“.
„Се трудев долго време и го чекав вистинскиот момент, на ваков натпревар со голем притисок. На овој начин притисокот исчезна. Секако, имаше притисок, тоа е нормално. Ама тоа е позитивен притисок, еден вид оптоварување што дозволува да направите ваков потег“, изјави Бензема.