Дома Останати Ракомет Белорусија не издржа до крај, Шпанците до нова победа

Белорусија не издржа до крај, Шпанците до нова победа

Шпанската ракометна репрезентација според очекувањата славеше против Белорусија со 36:27.

Шпанците повторно бодовно се изедначија со Хрватска од групата 1 и двете селекции одат во полуфинале и прашање е само кој ќе биде прв, а кој втор. Тоа ќе биде одлучено во меѓусебниот дуел во среда вечер.

Денес Белорусија добро се држеше во првото полувреме со фаворизираната Шпанија која на крајот заслужено победи со 37:28.

Сепак, во вториот дел „Фуријата“ заигра многу подобро и го доби со 20:12 со што беше поставен конечниот резултат.

Соле постигна седум гола, шест даде Макета и Фернандез, додека пет постигна Душебаев. Ваилупау постигна осум во тимот на Белорусија, додека Кулеш шест голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Oфицијално: Одложен мечот ПИК Сегед – Вардар

Она што можеше и да се претпостави сега доби официјална потврда, мечот ПИК Сегед – В…