Дома Топ вести Белингам мора да оди на операција

Белингам мора да оди на операција

Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, би можел да се подложи на операција на рамото по финалето на Европското првенство во Германија, пренесуваат медиумите на Островот.

Репрезентативецот на Англија има хронична повреда на рамото и нема подобрување со конзервативно лекување.

Потребна е операција, но се уште не донел конечна одлука. Поради непријатноста што ја чувствува, Белингам на ЕП игра со инјекции за болка и користи протектор за да се избегне влошување на повредата. 

Следната недела во консултации со лекарите на Реал Мадрид ќе биде одлучено дали ќе оди на операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …