Дома Фудбал Белерин се врати на теренот по девет месеци

Белерин се врати на теренот по девет месеци

Шпанскиот фудбалер Хектор Белерин претрпе тешка повреда на коленото на почетокот на оваа година.

Белерин на крајот од јануари оваа година ги скина лигаментите и уште тогаш беше јасно дека го очекува долга пауза. Во Арсенал трпеливо чекаа Шпанецот целосно да се опорави и не сакаа да брзаат за да го вратат на теренот.

Меѓутоа, по девет месеци Белерин конечно се врати и наскоро би можел да се најде во екипата на Унаи Емери. Белерин синоќа играше за У23 екипата на лондонскиот тим и на теренот помина 62 минути.

Шпанецот инаку игра на позицијата десен бек која беше голем проблем во играта на Арсенал по неговата повреда. Но, Белерин наскоро би требало да се врати во екипата и конечно да се реши проблемот на Емери.

„По 255 дена конечно дојде моментот да се вратам. Не можам да ви опишам колку ми недостасуваше ова“, изјави Белерин по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го лоцира проблемот на Јувентус: Десет минути играме добро, па се губиме

Јувентус двапати се враќаше против Фиорентина за реми 2-2, а Спалети предупреди на недости…