Интер е во потрага по десен бек, а примарна цел е играчот на Арсенал, Хектор Белерин.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Нероаѕурите“ во Белерин гледаат идеална замена за Хакими. 25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.
Од Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Арсенал е спремен да го продаде, но проблем е што Интер сака позајмица со право на откуп следното лето. Самиот фудбалер притиска да се пресели во Милано, па се очекува двата клуба да најдат заеднички јазик.
#Inter, #Bellerin chiama. E Inzaghi ha solo Perisic https://t.co/yUMukUuCYh
— Tuttosport (@tuttosport) July 28, 2021