Дома Фудбал Останато Бекот на Атлетико: Роналдо не ја заслужи Златната топка, му се воодушевувам на Меси

Бекот на Атлетико: Роналдо не ја заслужи Златната топка, му се воодушевувам на Меси

Фудбалерот на Атлетико Мадрид смета дека Кристиано Роналдо не ја заслужил Златната топка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Кристиано Роналдо беше најзаслужен што Реал стана првиот клуб во историјата кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите, бекот на Атлетико, Фелипе Луис смета дека Португалецот не го заслужил ова признание.

„Роналдо не направи апсолутно ништо во претходните два месеци, го нема никаде на теренот. Му се воодушевувам на Меси. Играв многу натпревари против него и никогаш не се жалеше, а не е дека немаше причина. Не можам ниту да замислам каква драма би направил Роналдо доколку добива удари како оние кои ги добива Меси. Тој не се жали за секоја ситница“, изјави Фелипе Луис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Поранешен европски шампион сака да потпише со Столе Димитриевски

Столе Димитриевски би можел да направи голем чекор во кариерата ова лето, откако сериозен …