Дома Останати Бекер: Ѓоковиќ го стави семејството пред тенисот!

Бекер: Ѓоковиќ го стави семејството пред тенисот!

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, во интервју за „Си-Ен-Ен“, откри интересни детали за односот на Србинот кон тенисот по освојувањео на Ролан Гарос.

„На сите во неговиот стручен штаб рацете ни беа врзани. Тој реши да се фокусира на работи кои не се поврзани со тенисот, сакаше повеќе време да минува со своето семејство, со својот син. Две и пол години беше како машина, која работи со полна сила. Негов пик беше Ролан Гарос и освојување на четирите грен слем турнири во низа. Тоа никој не го направи од 1969 година и Род Лејвер. Беше презаситен. Новак по Ролан Гарос не знаеше која е неговата цел“, изјави Бекер, кој потоа искажа низа комплименти на сметка на Србинот.


Време е за фудбалска класика: Шпанија - Италија! ↓↓↓


„Роден борец, голем натпреварувач. Кога би морал да изберам играч за да ми го спаси животот тоа сигурно би бил тој. Толку многу му верувам. Наредната година би требало да биде пресвртница. Колку и да го болат поразите, тие ќе го инспирираат, ќе му дадат нова мотивација, енергија. Можеби оие порази и не се толку лоши“, заклучи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Американец им дава надеж на фановите на Ѓоковиќ: Бев и јас во иста ситуација, па – играв на Вимблдон!

Американскиот тенисер Тејлор Фриц смета дека има големи шанси Новак Ѓоковиќ да игра на ово…