Дома Останати Тенис Бекер од продажбата на лични работи и трофеи заработил 750.000 евра

Бекер од продажбата на лични работи и трофеи заработил 750.000 евра

0

Легендарниот тенисер никако да ги исплати долговите.

Борис Бекер се најде во сериозни проблеми. Германската легенда поради огромните долгови мораше да прогласи банкрот, а се одлучи дури и да ги продаде освоените трофеи и дел од имотот.

Во Лондон беше одржана аукција на работите на Бекер помеѓу кои беа трофеите кои ги освои во кариерата и опремата која ја носеше во текот на играчката кариера, како и негови часовници и многу други работи со негов потпис.

Кога се беше завршено и продадено се покажа дека Бекер заработи 750.000 евра што е сериозна сума за таков вид на продажби, пишува „Би-Би-Си“.

Најголема цена достигнала репликата од трофејот на УС Опен кој Бекер го освои во 1989 година со победата над Иван Лендл. Тој трофеј е продаден за околу 160.000 евра, додека репликата од Дејвис Купот во Салтара се продаде за окоу 60.000 евра.

Меѓутоа не беа сите трофеи на Бекер на аукцијата. Недостасуваа неговите три шампионски пехари од Вимблдон и два од Австралија Опен за кои наводно не е познато каде се.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ после голема борба поразен од Тим во Лондон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа пораз во второто коло на завршниот Мастерс во Лондо…