Дома Трансфер зона Бекер е прескап, Лено го избра Арсенал…Клоп нова опција бара во Серија А

Бекер е прескап, Лено го избра Арсенал…Клоп нова опција бара во Серија А

starkosha

Како што пренесуваат англиските медиуми, Ливерпул наскоро би можел да ангажира нов чувар на мрежата.

После катастрофалниот настап на Лорис Кариус во финалето од Лигата на шампионите, стана јасно дека „црвените“ ќе бараат нов голман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Симон Мињоле најверојатно ќе ја промени средината, Кариус ќе добие нова прилика, но и нов конкурент.

Прва желба на Јирген Клоп беше Алисон Бекер од Рома, но Бразилецот најверојатно ќе заврши во Реал Мадрид. Но, дури и во случај да не оди во Мадрид тој е прескап за Ливерпул бидејќи Рома бара сума од околу 80 милиони евра за неговите услуги.

Втора опција беше Бернд Лено од Арсенал, но Германецот го засили Арсенал.

Така изборот падна на албанскиот голман од редовите на Лацио, Томас Старкоша.

Овој 23 годишен чувар на мрежата вниманието го привлече на себе минатата сезона со одличните настапи во дресот на Лацио.

Него го сака и Ливеркузен, но изгледа во овој момент Клоп е многу поблиску од германскиот клуб. Според медиумите на Островот трансферот е блиску до реализација, а Лацио би добил околу 34 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…