Премиерлигашот Арсенал од вчера официјално започна нова ера која ќе ја предводи шпанскиот стратег, Унаи Емери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После цели 22 години „топџиите“ го сменија кормиларот и со Унаи Емери ќе тргнат во поход кон нови успеси.
Англиските медиуми пренесуваат дека шпанскиот стратег нема да прави големи промени во тимот и дека ќе донесе две до три засилувања ова лето.
На голот и наредната сезона со сигурност ќе биде Петр Чех, а планот на Емери е да донесе еден врвен дефанзивец. Единствената измена во одбраната би требало да биде Сократис Папастатопулос, кој е блиску до трансфер на „Емирати“.
Во средниот ред не се очекуваат многу измени, бидејќи Хенрих Мкитаријан е еден од новите играчи во клубот, а Арон Рамзи и Месут Озил имаат долгогодишни договори. Единствено име кое веројатно ќе биде заменето во стартниот состав е Гранит Џака, а на неговото место би требало да пристигне Стивен Нзонзи, кој е еден од омилените играчи на Емери од деновите во Севиља.
Нападот ќе го предводи Обамејанг, тука се уште Лаказет и Велбек, па Емери единствено може да донесе само еден крилен напаѓач.