Дома Македонски спорт Мак баскет Бајиќ: Гледаме само напред!

Бајиќ: Гледаме само напред!

Кои се очекувањата на селекторот Драган Бајиќ во пресрет на вториот натпревар во „балонот“ во Скопје. Оној против Словачка, вечерва од 19.часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“ со директен пренос на МРТ3.

„Сигурно е дека поразот од Швајцарија не беше пријатен. Ќе повторам уште еднаш дека и да го добивме тој натпревар, немаше да добиеме многу со таа победа, а со самото тоа, со тој пораз не загубивме многу. Синоќешниот резултат од средбата Швајцарија-Словачка можеби ни оди во корист, ако се знае дека имаме уште три натпревари до крајот.


Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓


Се обидовме да анализираме колку што тоа може за вака краток временски период кој го имавме на располагање. Од виденото, можам да кажам дека немам што да им замерам на момците. И никој не може да каже дека не се бореа на теренот. Да, се бореа, меѓутоа тој недостаток на поени кои ни недостасуваат во крајниот резултат. Тоа е најголемиот проблем на овој тим. А сето останато, може да се каже, е на некое високо ниво. Ќе кажам уште еднаш, се чувствува доза на притисок и на нервоза кај играчите. Мора да с еземе в предвид и тоа дека околу 80% од кошаркарите за прв пат добива вакви улоги во националниот тим, што досега не го имале. И тоа е можеби разбирливо. Но се надевам дека веќе на вториот меч тој притисок ќе спласне, ќе биде многу помал. И дека ќе бидеме многу посконцентрирани кога е играта во прашање. Најбитно е да го задржиме тоа ниво на одбрана. Противниците да ги спуштаме под 70.поени. И секако, да го подигнеме она ниво во нападот.  Особено во оние таканаречени ‘лесни ситуации’ каде седум – осум пати не реализиравме во ситуација ‘едне на нула’ “.

Противник ни е Словачка, селекција која синоќа беше подобра од Швајцарија.

„Сигурно се работи за една добра репрезентација во која има неколку квалитетни поединци како Крајцович, Ихринг и Бродзијански. Повторно мораме да имаме еден сериозен пристап и да ги спуштиме нивните главни поентери на најниско можно ниво. Во нападот, мислам дека имаме потетност да играме што е можно побрзо. Преку транзиција да доаѓаме до што е можно полесни поени“.

Веројатно и притисокот врз играчите вечерва ќе биде многу помал, особено ако се земе в предвид дека за прв пат по подолго време, ќе биде дозволено присуство на публика, макар и со ограничен број?

„Притисок постоеше и кога немаше публика. Јас се надевам, и ја повикувам публиката во што поголем број да дојде и да ги поддржи овие момци. Тоа се чесни момци кои сигурно е, даваат сè од себе за овој национален дрес кој го носат. Свесни сме и ние со фактот дека ни недостасуваат доста играчи. И дека со нив во овој момент овој ростер би бил сосема понаков. Многу подобар и дека би играле многу подобро. Меѓутоа, овие момци заслужуваат максимална поддршка и на кои тоа ќе им биде дополнителен мотив да победиме. Нема назад, гледаме само напред“- порачува Бајиќ пред вечерашниот, исклучително важен натпревар против Словачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Чурлинов: Сакаме прво место во групата

Македонската фудбалска репрезентација најпрво ќе и гостува на Летонија в четврток, а потоа…