Дома Фудбал Баш бразилски: „Кариоките“ со оваа акција барем малку потсетија на „старите денови“ (ВИДЕО)

Баш бразилски: „Кариоките“ со оваа акција барем малку потсетија на „старите денови“ (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил одигра многу подобро во последниот пријателски натпревар против Чешка за разлика од оној од пред неколку дена кога „Кариоките“ ремизираа со Панама.

Сега Бразил со резултат 3:1 славеше победа против Чешка. Головите ги постигнаа во завршницата од натпреварот. Најубав беше последниот кога овој тим на Бразил барем малку потсети на легендарниот стил на „Кариоките“ кој го имаа во минатото.

Негрес, Алас и Жесус одработија навистина одлична акција. На крајот можеби сликата малку ја нарушува што голот не беше постигнат во првиот обид, но акцијата секако заслужува чиста „десетка“.

https://www.youtube.com/watch?v=YOH3HdivGII

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас влезе при 0-3: Аталанта со пет порази во десет кола

Елиф Елмас доби шанса дури откако Парма веќе ја обезбеди убедливата предност во Бергамо. А…