Фудбалерот на Челси Мичу Батшуаи до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Борусија Дортмумд, потврди германскиот клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Белгиецот во Челси пристигна во 2016 година од Марсеј и за клубот од „Стенфорд Бриџ“ одигра 53 натпревари и постигна 19 погодоци.
„За да ја постигнам својата голема цел сакам да играм што е можно повеќе и да постигнам повеќе погодоци. Светското првенство е ова лето…“, изјави 24 годишниот Батшуаи.
Батшуаи во новиот клуб ќе го носи дресот со број 44.
? Michy #Batshuayi ist da! pic.twitter.com/W1bc41bkvA
— Borussia Dortmund (@BVB) January 31, 2018