Дома Фудбал Италија Батистута му порача на Икарди: Мојата жена не би коментирала за мојата работа

Батистута му порача на Икарди: Мојата жена не би коментирала за мојата работа

0

Легендарниот аргентински напаѓач, Габриел Батистута одлучи да даде свој коментар на се што се случува со неговиот сонародник Мауро Икарди во екипата на Интер.

Икарди веќе подолго време е надвор од екипата на Интер. Иако се врати на тренинзите, повторно го немаше на синоќешниот натпревар против Лацио и натпреварот го гледаше од трибините.

Наводно тренерот Спалети одлучил повторно да го испрати на трибините бидејќи одбил да зборува пред остатокот од екипата, а Батистута, кој ја заврши кариерата во Интер изјави:

„Не знам што се случува со Икарди. Веројатно има одредени проблеми во соблекувалната. Сепак, работите од соблекувалната треба таму да останат. Мојата жена никогаш не би коментирала за мојата работа.“ – изјави Батистута.

Батистута во Интер одигра 12 натпревари во сезоната 2002/03. Постигна два гола, а најголем траг остави во Фиорентина, каде е вистинска легенда.

Во дресот на Виола од 1991. до 2000. година запиша 333 настапи и постигна 207 погодоци.

Легендарниот аргентински играч важи за еден од најголемите напаѓачи кои некогаш се појавиле на фудбалските терени.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нејмар го избра својот идеален тим и предизвика лавина коментари (фото)

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар во разговор за шпанските медиуми го избра својот иде…