Дома Трансфер зона Барселона ќе биде во „трка со времето“: Договор за Обамејанг сепак има!

Барселона ќе биде во „трка со времето“: Договор за Обамејанг сепак има!

Иако се појавија проблеми, сепак како што сега стојат работите изгледа дека Барселона ќе успее да го доведе Обамејанг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Обамејанг од утрово е во Барселона во очекување да потпише за Барселона. По неговото пристигнување беше објавено дека договорот со Габонецот пропаѓа. Сепак, изгледа Барселона пронашла начин да го доведе.

Експертот за трансфери Фабрицио Романо, но и уште неколку познати шпански медиуми пренесуваат дека има договор и тоа не за позајмица туку за перманентен трансфер. Во овие моменти клубовите работат на финализирање на документацијата, додека подготвени се и медицинските прегледи за Обамејанг.

Засега нема повеќе информации и детали за финансиските услови од наводниот перманентен трансфер. Преодниот рок завршува вечерва, па очигледно Барса ќе има „трка со времето“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…