Дома Трансфер зона Барселона тргнува по шпански репрезентативец

Барселона тргнува по шпански репрезентативец

0

Барселона е силно заинтересирана за ѕвездата на Реал Сосиедад, Микел Ојарсабал, пренесува каталонски „Спорт“.

22-годишниот шпански репрезентативец одигра одлична сезона и го привлече вниманието на Каталонците кои спремаат понуда за да го донесат на „Камп Ноу“.

Крилниот напаѓач ја заврши сезоната со 14 постигнати гола, а во понеделникот го постигна и првиот гол за „црвената фурија“.

Меѓутоа, Барселона тешко дека ќе може да постигне договор со Сосиедад кој не сака да преговара и бара да биде платена откупната клаузула која изнесува 70 милиони евра.

Барса е во потрага по напаѓач, а на нејзиниот список се уште Родриго од Валенсија и Кристиан Стуани од Џирона.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето о…