Дома Трансфер зона Барселона спреми 40 милиони за ѕвезда на Лацио

Барселона спреми 40 милиони за ѕвезда на Лацио

Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона е силно заинтресирана за дефанзивецот на Лацио, Фeлипе Луис.

Каталонците внимателно ги гледале настапите на 22-годишниот дефанзивец пред Серија А да биде суспендиран поради ширењето на коронавирусот.

Скаутите на Барселона се задоволни од неговите партии и клубот спрема понуда ова лето. Договорот на дефанзивецот истекува 2022 година, но Лацио сака да го задржи и сигурно ќе му понуди нов договор.

Сепак, играчот тешко дека би можел да ја одбие понудата на Барселона, која е спремна да плати 40 милиони евра за неговиот потпис.

Фелипе Луис оваа сезона се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рамос го шокирал Малдини со своите барања

Серхио Рамос вчера и официјално се прости од Реал Мадрид. Овој искусен дефанзивец во дресо…