Дома Трансфер зона Барселона се буди во „5 до 12“: Амрабат пристигнува на позајмица?

Барселона се буди во „5 до 12“: Амрабат пристигнува на позајмица?

Поради веќе добро познатите финансиски проблеми Барселона не беше премногу активна во овој преоде нрок, меѓутоа во последниот ден од преодниот рок Каталонците би можеле да добијат одлично засилување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите, Софијан Амрабат кој одигра одлично Светско првенство за Мароко и го привлече интересот на многу клубови може да ја засили Барселона.

Чави сака засилување во средниот ред, иако има играчи на таа позиција. Лапорта наводно е расположен да му го исполни барањето, посебно затоа што на Барселона и оди одлично во Ла Лига и во овој момент се лидери на табелата.

Треба да се знае дека единствената опција со која Барселона може да го доведе Амрабат е позајмица со право на откуп бидејќи клубот не може да троши големи сега. Време нема многу, па ќе видиме дали обидот на Барселона ќе биде успешен до крајот на денот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…