Во Барселона се најавуваа промени, а во тие промени еден од симболите на клубот може повеќе да не биде дел од каталонскиот гигант.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Одредени шпански медиуми денес објавија дека Барселона е спремна да ја продаде „Барса ТВ“, клупската телевизија која секојдневно ја следи работата во клубот и на навивачите им ги прикажува најважните моменти.




„Барса ТВ“ во последно време во блага загуба, а управата смета дека нејзина продажба би била одлична економска инвестиција. Клубот добро би заработил, а „Барса ТВ“ би била продадена на друга телевизиска станица која ќе го промени името и содржината.




Навивачите клупската телевизија ја сметаат за еден од симболите и тешко дека со одобрување би ја примиле ваквата одлука. Сепак, за Барса во овој момент е најважно конечно клубот да застане на цврсти нозе кога се финансиите во прашање.




За клубот секако е одлично што резултатите полека се враќаат, Чави создаде една одлична млада екипа во која има и неколку искусни фудбалери.



