Дома Трансфер зона Барселона одлучи: Ракитиќ и Кутињо се на продажба!

Барселона одлучи: Ракитиќ и Кутињо се на продажба!

Барселона има големи амбиции за следната сезона и е многу активна на трансфер пазарот.

После доаѓањето на Гризман, Каталонците сакаат да го донесат и Нејмар, но ќе мора да продадат некои од своите ѕвезди.

Каталонските медиуми пренесуваат дека раководството на Барселона донело одлука да ги стави на продажба Филипе Кутињо и Иван Ракитиќ.

За потписот на Бразилецот Барселона бара 100 милионие евра, додека Ракитиќ е спремна да го пушти за понуда од 50 милиони евра.

Според последните информации двајцата фудбалери му биле предложени на ПСЖ како дел од трансферот на Нејмар, па се очекува одговор од „светците“.

Доколку не се преселат во Париз, Барселона е спремна да ги продаде двете ѕвезди за споменатата сума, а за нив има интерес од неколку европски гиганти.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Клоп има мета од 60 милиони евра

Ливерпул оваа година после 30 години чекање конечно ќе стигне до титулата во Премиер лигат…