Дома Трансфер зона Барселона никогаш не му даде шанса, сега потпишува за Манчестер Сити

Барселона никогаш не му даде шанса, сега потпишува за Манчестер Сити

Шпанскиот лев бек Марк Кукурела одигра одлична сезона за Брајтон и се наоѓа пред трансфер во Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 23-годишен дефанзивец минатото лето пристигна од Гетафе за 18 милиони евра и тоа се покажа како одличен потег за Брајтон.

Тој е голема желба на Пеп Гвардиола која сака да ја засили левата бековска позиција, а последните информации се дека Кукурела ги договорил личните ослови со Манчестер Сити.

„Граѓаните“ се во напредни преговори со Брајтон и се очекува трансферот да биде договорен во наредните денови за 30 милиони евра.

Кукурела е дете на Барселона, но никогаш не доби шанса на „Кам Ноу“, а во 2020 година беше продаден на Гетафе за 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…